Македонскиот јазик е јужнословенски јазик и официјален јазик во Македонија. Македонскиот јазик е исто така официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројномакедонско население, а како малцински јазик е признат во Србија и Романија. Македонски се зборува и воАвстралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки наЕвропската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е тешко утврдлив поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2.5 до 3 милиони луѓе. Според почитуваниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел наБугарија[6][7] и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica иUNESCO. Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско.